Можни сценарија во случај на распад на германската влада

Владејачката коалиција во Германија составена од СПД, ФДП и Зелените е во криза. Сите три партии во коалицијата предлагаат различни мерки за зајакнување на германската економија – независно една од друга и без меѓусебен договор.

Иако до следните редовни избори за Бундестагот остануваат само единаесет месеци (28 септември 2025 година), канцеларот Олаф Шолц, министерот за економија Роберт Хабек, министерот за финансии Кристијан Линднер, како и лидерот на опозицијата и шеф на ЦДУ Фридрих Мерц , веќе практично се во предизборна кампања.

Се поставува прашањето: Што ќе се случи ако некои од коалиционите партнери повеќе не учествуваат во владата. Што ако владата е во ќорсокак и повеќе не може да постигне компромис? Постојат четири можни сценарија:

Нова влада под водство на Шолц
Ако некој од досегашните коалициски партнери си замине од владата, тоа автоматски не значи и нови избори. Пратеничкиот мандат трае четири години, а канцеларот би можел да бара ново мнозинство – актуелните министри би биле разрешени од функцијата, би се формирала нова влада: на пример, во соработка со една од опозициските партии.

Меѓутоа, во актуелниот Бундестаг ова сценарио изгледа малку веројатно. Според анкетите, Унијата (ЦДУ/ЦСУ) е далеку пред партијата СПД на канцеларот. Од перспектива на Унијата, нови избори би биле многу подобри од учество во голема коалиција под канцелар од СПД.

Формирање на малцинска влада
Канцеларот може да одлучи да продолжи само со преостанатите членови на владата, но тогаш тој повеќе нема да има мнозинство во парламентот. Тоа би било незгодно, но остварливо.

Парламентот на покраината Тирингија го помина последниот мандат во малцинска влада под водство на премиерот Бода Рамелов.

Во овој случај, владата ќе треба да обезбеди мнозинство за секој закон, потпирајќи се на поддршката од опозицијата.

 

DW