Јутјуберот Џејк Пол ќе ги одмери силите со поранешниот светски шампион во бокс Мајк Тајсон

Американскиот јутјубер Џејк Пол овој месец ќе ги одмери силите со поранешниот светски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон, на боксерски меч во Тексас, јавува Анадолу.

Мечот Џејк Пол против Мајк Тајсон на стадионот ATиT во Арлингтон ќе се одржи на 15 ноември во Соединетите Американски Држави (САД), а ќе се пренесува во живо (01:00 GMT) во сабота, 16 ноември, на Нетфликс, соопшти стриминг-сервисот.

Арената, инаку дом на Далас Каубојс, голем НФЛ-тим, собира 80.000 луѓе.

Борбата првично беше закажана за јули, но во мај на Тајсон му беше дијагностициран чир, поради што беше одложена.

Пол (27), кој може да се пофали со 20,8 милиони претплатници на Јутјуб, ја започна својата боксерска кариера со аматерска борба во 2018 година во која победи.

Од јануари 2020 година до јули 2024 година Пол победи во 10 од неговите 11 професионални борби, а седум ги доби со нокаут. Тој има само еден пораз од британскиот боксер Томи Фјури во борба минатата година во Саудиска Арабија.

Познат по прекарот „Железен Мајк“, 58-годишниот Тајсон имаше 50 победи, 44 со нокаути, а шест борби изгуби во вкупно 58 меча. Неговите други два меча беа нерешени.

Тајсон се смета за еден од најголемите боксери во тешка категорија на сите времиња.

 

извор:Анадолија