Обезбедени се финансиски средства за капитални инвестиции во казнено поправните и воспитно поправните установи за 2022 година во износ од 14.433.000,00 денари. Се реализира и планот за спречување корупција во националниот затворски систем.
Во завршна фаза е реконструкцијата на зградата на Управниот суд.
Заокружена е законодавната агенда со сет закони кои се во собраниска процедура:
- Закон за Академија на судии и јавни обвинители;
- Закон за парнична постапка;
- Закон за адвокатура;
- Закон за измени и дополнуввања на Кривичен законик;
- Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета;
- Закон за компензација на жртвите од кривични дела;
- Закон за заштита на физички лица при обработка на личните податоци во врска со обработка на личните податоци за цел и спречување истрага,откривање или гонење на кривични дела или за извршување на кривични санкции.
Во фаза на изработка се:
- Кривичен законик;
- Закон за кривична постапка;
- Закон за судски буџет;
- Закон за здруженија и фондации;
- Закон за донации и спонзорства;
- Закон за вонредна состојба;
- Закон за процена.
Министерството за правда интензивно работи на неколку проекти меѓу кои и изготвувањето на Граѓански законик кој ќе биде вклучен во новата Стратегија за реформа на правосудниот сектор 2023-2027 година.