Поларен студ и многу снег доаѓа на Балканот

Прогностичките модели се веќе усогласени, да причекаме уште ден до два и веќе ќе биде официјално, а тоа е дека од 20 Ноември, па во деновите потоа Поларна Експлозија ќе го зафати Балканскиот Полуостров.

Покрај значителното количество на снег, ќе имаме и екстремно ниски температури на воздухот, како наутро, така и преку ден, а наутро и во ноќните часови на многу места тие ќе се спуштаат под -10 степени, на повеќе места и до околу -15 степени, додека во планинските места дури и до -20 степени.

Чекаме што ќе се случува понатаму на прогностичките модели, секако, се работи за многу занимлива временска ситуација, најавува во најновата анализа метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

meteoalarm.mk