Жртва на семејно насилство може да добие до 5.000 евра од државата

Освен жртвите на семејно насилство, надоместок може да бараат и жртви на трговија со луѓе, ропски однос или семејствата на жртви на кривични дела што предизвикале смрт или тешки последици. Услов е делото да било пријавено во полиција или обвинителство. Досега долгата процедура траела и до 20 години

Семејството на жена убиена при семејно насилство е на пат да го добие првиот надоместок од државата со помош на законот за паричен надоместок за жртви на кривично дело со насилство кој почна да се применува пред половина година.

Иако жртвата е покојна, нејзиното семејство поднело барање за надоместок до соодветната комисија што ја формира Министерството за правда. Барањето е разгледано и треба да се дополни со уште некои факти пред да се донесе конечната одлука.

Максималната отштета дозволена да се исплати според овој закон е до 5.000 евра во денарска противредност.

 

 

 

slobodnaevropa.mk