Бесими се премисли – нема повисоки плати во министерството за финансии, дел од вработените денеска излегоа на протест

Вработените во Минситереството за финансии нема да добијат зголемување на платите за 30%, зашто се пишмани министерот Фатмир Бесими. Во знак на револт, спонтано, вработените ги напуштија рабиотните места и излегоа на предупредувачки штрајк пред зградата на министерството, зашто не го добиле ветеното покачување. Но кога пристигнаа медиумските екипи, вработените ги немаше – се вратиле во канцелариите., објави Алфа.мк.

Од Сојузот на синдикати на Македонија за Алфа велат дека ќе поднесат пријава против ресорниот министер зашто ги излажал своите вработени.

„Министерот ги повлекол сите решенија за зголемување на плата, платата не е исплатена воопшто и сега ќе барал толкување дека тоа зголемување нема да биде за сите вработени во министерството туку само за два сектори. Не знам како тоа ќе го направи, законот си стои, нема предлог закон за изменување на закон за буџети каде е предвидено зголемување на платите. Многу чудна постапка на министерот и ние подготвуваме опомена пред тужба“, рече Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ.

Текстот во целост на: Алфа.мк.

фото: Алфа.мк.