ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.К.(63) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Тој, на 29.04.2021 година, во својство на раководител на шумското стопанство „Лопушник“ од Кичево, незаконски склучил писмена спогодба со правно лице кое, без финансиски надомест требало да изврши отстранување на дрва од обележани траси кај месноста „Прострање Белица“. Од проверките извршени од Одделението за внатрешна ревизија на Јавното претпријатие „Национални шуми“, констатирано е дека, за склучената спогодба не било дадено овластување од Директорот на ЈП „Национални шуми“. Со тоа, пријавениот овозможил да биде посечено буково огревно дрво во вкупна маса од 332,5 метри кубни при што, причинета е материјална штета од 2.327.500 денари.
Related Posts
Коњановски: МТСП да запре со опструкциите врз Општина Битола и да спроведе постапка со која ќе се провери работењето на детската градинка Естреа Овадија Мара
Централната власт, продолжува со опструкции врз локалната самоуправа во Битола, овој пат, директно удирајќи по воспитно образовниот процес и нанесувајќи…
Подобрена е состојбата на бебето најдено во центарот во Велес – докторите бдеат над него
Подобрена е состојбата на бебето кое беше најдено во центарот на Велес и се наоѓа во велешката Болница. Се работи…
За викендот екстремно топло насекаде во Македонија – се очекуваат температури до 43 степени
Екстремно топлиот бран од Африка кој е проследен со екстремно висок Ув индекс во деновите пред нас ќе зема замав,…