Утре преговори меѓу руската и украинската делегација – Лукашенко гарантира дека ќе бидат „мирни“ сите оружја на белоруска територија

Заменик-министерот за внатрешни работи на Украина Евгениј Јенин изјави дека разговорите меѓу руската и украинската делегација ќе се одржат во понеделник наутро по локално време.

Кабинетот на претседателот Володимир Зеленски соопшти дека белорускиот претседател Александар Лукашенко му се јавил на украинскиот претседател денеска.

 

 

 

„Политичарите се договорија украинската делегација да се сретне со руската делегација без предуслови на украинско-белоруската граница, во близина на реката Припјат“, соопштија од неговиот кабинет.

„Александар Лукашенко ја презеде одговорноста да се осигура дека сите авиони, хеликоптери и проектили стационирани на белоруската територија ќе останат на теренот за време на патувањето, средбата и враќањето на украинската делегација“, продолжи канцеларијата.

„Имав многу суштински разговор со Александар Лукашенко. Не сакам ракети, авиони, хеликоптери да летаат кон Украина од Белорусија. Не сакам трупи да одат во Украина од Белорусија. И тој ме увери во тоа“, напиша Зеленски на ФБ.

 

извор/фото: агенции