Во текот на вчерашниот ден е приведен 53-годишен маж од Виница кој допирал и бакнувал малолетничка, информираат од МВР.
-Лицето С.И. е лишено од слобода по претходна пријава во полициската станица во Виница дека на 25 февруари околу 14 часот во Виница допирал и бакнувал малолетничка, соопшти МВР.
По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.