(ВИДЕО) Несреќа во Италија: Автобус со 50 Украинци излетал од патот, има жртви и повредени

0
361

Автобус со украински бегалци се превртел во Италија, соопштија властите, пренесува БТВ.

Несреќата се случила на автопат во северниот дел на земјата, меѓу Чезена и Римини.

Од засега непознати причини автобусот излетал од патот и се превртел во канал.

Во возилото имало 50 украински бегалци. Едно лице загина, а неколку се повредени.

Акцијата за спасување продолжува.