Две лица утрово се убиени во Хрватска и тоа на различни локации

Двојно убиство во Плоче, во Дубровничко-неретванската жупанија, во Хрватска. Еден од убиените, како што наведува Jutarnјi.hr наводно е малолетник, додека другиот е средовечен маж. Според Хрвстските медиуми убиени се маж и малолетник и тоа на различни локации.

Убиството се случило утрово околу осум часот.

Портпаролката на полицијата потврди дека напаѓачот е уапсен.

„Полицијата на подраќјето на Опузен пронајде лице кое се доведува во врска со овие настани. Се работи за маж кој е уапсен, а се наоѓа вополициски простории“, вели таа.

„По примени повеќе дојави од граѓани, полицијата утрово околу 8 часот на две различни локации цо градот Плоче, пронајде две мртви тела на машки лица за кои се знае дека починале од насилна смрт“, соопшти полицијата.

Се врши увид на местото, каде пристигнат е и јавен обвинител.

Сведоци велат дека слушнале пукање и некој како вика: „Фрли ја пушката!“.

Локални медиуми јавуваат дека едното убиство се случило на одлагалиште за отпад, пред станица за технички преглед и дека мажот пукал со калашников.