Победата на Македонија главна вест во спортските медиуми низ целиот свет

Историскиот триумф на Македонија над актуелниот европски шампион Италија во полуфиналето на бараж натпреварот за пласман на СП во Катар е главна вест во спортските медиуми низ целиот свет, објави СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.

Британскиот јавен сервис „Би-би-си“ пишува дека Македонија го шокира европскиот шампион и го остави без настап на СП.

Француски „Л’екип“ исто така пишува дека Македонија „ја расплака Италија“ која „нема да го види Катар“ во ноември и декември.

Германски „Билд“ пишува дека Италија се избламира, а истото го пишуваат и останатите европски и светски медиуми.