Инфлацијата ги јаде примањата, владата не презема ништо – Основните продукти и горивата се зголемени и за 70%, а лебот за 110%, велат од ВМРО ДПМНЕ

Инфлацијата ги јаде примањата, владата не презема ништо, основните продукти и горивата се зголемени и за 70%, а лебот за 110%.

За само година ипол горивата поскапеа за 70%, а тие се основен елемент и кај граѓаните и во скоро секоја гранка од индустријата. За високите цени пред се е виновна владата на СДСМ и ДУИ, кои откако дојдоа до денес ги зголемија акцизите за 13.13 денари. Тоа значи дека без акцизата која ја зголеми оваа влада сега горивата ќе беа околу од 72 до 75 денари за литар, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Раст на цените во малопродажба има и кај основните намирници како брашно, млеко и леб. Цената на лебот е зголемена и за 110%.

Зголемените цени силно удираат по стандардот на граѓаните.

Еден од најголемите удари по џебот на народот е зголемувањето на цената на струјата за 30%. Што е последица на лошото менаџирање со енергетските ресурси на државата. Во сред енергетска криза увозот на струја по берзански цени изнесуваше и до 50%, затоа што владата ги испразни хидроакумулациите и не копаше јаглен кога требаше, па домашното производство беше на минимум, и се се покриваше со скап увоз.

Лошите политики на владата во изминативе години ги чинат граѓаните многу.