Лионел Меси стана бренд амбасадор на Socios.com

0
313

Аргентинската ѕвезда, фудбалерот Лионел Меси, кој игра во францускиот тим Париз Сен Жермен, стана бренд амбасадор на Socios.com, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Од Socios.com соопштија: „Лионел Меси и Socios.com, најголемата светска платформа за ангажирање на навивачите, ги здружија силите. ‘Биди повеќе‘ е слоганот на првата кампања на аргентинската ѕвезда како нов глобален бренд амбасадор на Socios.com.“

Во соопштението се наведува дека Меси ќе биде вклучен во бројни едукативни и промотивни кампањи, почнувајќи од кампањата на брендот Socios.com.

Меси во изјавата дадена за соработката што ќе трае 3 години, рече: „Откако го играв мојот прв професионален натпревар, страста на навивачите ми беше движечка сила која ме инспирира да дадам сè од себе. Socios.com постои за да го подобри искуството на навивачите, да им овозможи на навивачите да бидат ‘повеќе’. Горд сум што се придружувам на мисијата на Socios.com да создаде поголем контакт меѓу навивачите низ светот и истите да бидат повеќе наградени.“

Александар Дрејфус, извршен директор на Socios.com, изразувајќи го задоволството што Лионел Меси го претстави како бренд амбасадор, рече:

„Специјалните таленти како Лионел Меси, кои можат да се најдат само во една генерација, убавата игра ја прават екстра посебна за навивачите. Она што се обидуваме да го направиме на Socios.com е да се погрижиме навивачите, каде и да се во светот, да се чувствуваат дека нивната поддршка е вредна, важна и посебна. Очекуваме да изградиме поинклузивна, повозбудлива и понаградувачка иднина за сите навивачи низ светот.“

извор: Агенција Анадолија (АА).