Италијанската полиција пронашла распарчено тело на порно ѕвезда фрлено во канти за ѓубре

0
555

Полицијата во италијанскиот град Бреша пронашла распарчено тело на порно ѕвезда фрлено во канти за ѓубре покрај патот.

Карол Малтезе (26), која работела под уметничкото име Шарлот Енџи, глумела во голем број еротски филмови и имала свој профил на страницата за возрасни „ОнлиФанс“. Таа имаше едно дете.

Последен пат била видена жива во јануари во близина на нејзиниот дом во Рескалдина во близина на Милано, Италија. Нејзиниот сосед, кулинарски блогер Давиде Фонтана (43) бил приведен на испрашување.

Полицијата го пронашла нејзиното распарчено тело во неколку вреќи за ѓубре во Борно кај Бреша. Се верува дека остатоците биле чувани во замрзнувач пред да бидат фрлени покрај патот, бидејќи почнале да се топат на топлото пролетно сонце.

Детективите успеале да ја идентификуваат благодарение на шест од 12-те карактеристични тетоважи што ги имала на нејзиното тело.

Полицијата го уапсила Фонтана откако сообраќајните камери го снимиле неговиот автомобил во областа Борно, а Фонтана отишол во локалната полициска станица нудејќи „информации“ кои биле толку неубедливи што предизвикале сомнеж.

Карол, која имала шестгодишна ќерка, се насочила кон работата за возрасни за време на изолацијата поради пандемијата за да врзе крај со крај и наводно заработувала и до 10.000 фунти месечно.