Најпрво сакам да кажам дека пописот на населението, домаќинствата и становите којшто после 20 години конечно се одржа во нашата држава е голем успех за граѓаните на државата, голем успех за државата воопшто, истакна Снежана Калеска Ванчева, пратеничка на СДСМ.
„Оттаму вие знаете дека ние како пратеници на СДСМ од самиот почеток сме конзистентни дека пописот е неопходен и пописот конечно мора да се случи и можам да кажам дека сме навистина задоволни затоа што успешно спроведен попис после 20 години, за прв пат комбиниран попис којшто се спроведе во ек на пандемија со сите заштитни протоколи и исклучително успешен кога 99 % ќе бидат попишани тоа е резултат со којшто не можат да се пофалат ни многу развиени европски држави“, истакна Калеска Ванчева.