Претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во западните делови. Поради адвекција на прашина од Сахара ќе има услови дождот да биде обоен. Ќе дува засилен, а вдолж Повардарието и во источните делови силен ветер од јужен правец, наместа со брзина и над 60 км/час. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 19 степени.
УХМР