Град Скопје набавува три нови возила за потребите на противпожарната бригада

Советот на Град Скопје на денешната седница усвои одлука за набавка на 3 возила со што значително ќе се подобри техничката опременост и модернизација на противпожарната бригада на Град Скопје.

Со првата одлука се одобрува набавка на две противпожарни возила автоцистерни со капацитет од најмалку 7.000 литри.

-Со оглед на потребата за обезбедување основни средства за нормално функционирање на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Советот на Град Скопје одобри и набавка на навално противпожарно возило. Ова возило е неопходно за секојдневното работење на единицата, особено при пожари во урбани средини. Истото ќе биде со капацитет од минимум 4000 литри вода, опремено за интервенции во урбана средина, порачаа од Град Скопје.

Покрај возилата, донесена е и одлука за одобрување набавка на пумпа за теренско возило со висок притисок за теренско возило за гасење на помали пожари и пожари на отворен простор.