Заврши гласањето за парламентарните избори во Унгарија, првите проекции велат 121 место во парламентот за Орбан, 77 за опозицијата

0
483

Во 19 часот официјално заврши гласањето за парламентарните избори во Унгарија. Во Будимпешта се гласаше во 3.154 избирачки места и 23 области. Резултатите од изборите ќе бидат објавени кога ќе се пребројат гласовите во сите изборни единици.
Унгарците во голем број излегоа на денешните парламентарни избори на кои конзервативниот премиер Виктор Орбан се надева дека ќе освои четврти последовен мандат. Според првите проекции би требало да успее.

Ендре Хан, директор на центарот истражување на јавното мислење, во телевизиско гостување по затворањето на избирачките места ги најави можните изборни резултати. Според истражувањето на „Медијан“, Фидес на Орбан би имал 121 место во парламентот, а опозицијата 77.

„Според анкетата, Фидес освои 49 отсто од гласовите, додека опозициската коалиција Обединети за Унгарија ја доби поддршката од 41 отсто од гласачите“, изјави директорот на Медијан, Ендре Хан.

Тоа би значело прилично убедлива победа за Орбан. Сепак тој нема да има двотретинско мнозинство.

Резултатите од анкетата покажуваат дека во Парламентот ќе влезат и левичарската Демократска коалиција со 21 место, конзервативната Јобик со 16, либералното Монументално движење со 15, социјалистите со 12, либералниот Дијалог со осум, зелените со пет и германското национално малцинство со едно место, пренесува агенцијата МТИ.