Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Р.А.(22) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“.
– На 17.02.2021, во домот на неговата баба во Кочани, пријавениот овозможил употреба на хероин на неговата малолетна сестра, информира МВР.