Студеното време и снег во април што го зафати регионов, не ја одминува ни Македонија. Во моментов на планините и планинскиот превој Стража врне снег.
Инаку денеска преовладува облачно и значително посвежо со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни, а локално проследени со грмежи. На планините на околу 1200 метри надмосрка височина во западните и северните делови, врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен северен ветер.
Од утре времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои ќе се спуштат и под нулата и ќе дува засилен северен ветер. Најстудено ќе биде во вторник наутро, информираат од УХМР.