При денешната посета на општина Ранковце во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски одговарајќи на новинарско прашање во однос на аферата со Муахемд Зеќири тешка речиси милион евра истакна дека тоа е срамно и безобразно а СДСМ е корумпирана партија која направи целосен хаос во државата.
„Срамно и безобразно, но целта на овие политичари е како да стигнат до своите функции и да направат свој профит од секој еден предлог проект или физибилити студија итн. Ова е една лоша слика за Македонија, претходно првиот генерален секретар на СДСМ што беше во владата видовме како заврши исто со мито и корупција, следниот што им беше потпретседател на партијата па потоа претпоставувам наредниот истото ќе го прави бидејќи тие се корумпирана партија. Уште една работа ќе кажам наместо да ги крадат парите од граѓаните нека ги качат платите на сите граѓани во Македонија, ова веќе е неподносливо и за брзо треба да има предвремени парламентарни избори, за да народот да си го каже своето мислење бидејќи навистина ова е еден целосен хаос во државата“, нагласи Мисајловски.