Малезија започна со тестирање на системот за вештачка интелигенција во судовите во провинциите Сабах и Саравак како дел од пилот-проектот, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Употребата на вештачка интелигенција во правосудниот систем е сè поприсутна во многу земји.
Официјалните лица тврдат дека правосудните системи засновани на вештачка интелигенција побрзо и поевтино ги расчистуваат заостанатите работи и можат да им помогнат на страните да избегнат долги, скапи и стресни судски спорови.
Според „Malaymail“, малезиските федерални власти сè уште детално не објасниле како ќе изгледа системот на користење вештачка интелигенција во судовите.
Малезиските власти веруваат дека употребата на вештачка интелигенција во судството може да го подобри квалитетот на правдата.
Федералниот суд на Малезија соопшти дека употребата на вештачка интелигенција во судовите „сè уште е во експериментална фаза“, воздржувајќи се од дополнителни коментари за работата на овој систем.
извор: Агенција Анадолија (AA).