Бројката на луѓе кои ги загубија животите во поплавите и одроните предизвикани од тропската бура Меги на Филипините се зголеми на 56, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Агенцијата „Синхуа“ објави вест во која се наведува дека во последните денови, бројот на загинати во поплавите и свлечиштата на Филипините е зголемен на 56.
Хозе Карлос Кари, градоначалникот на градот Бејбеј во провинцијата Лејте, соопшти дека во 10 града во регионот кој е најмногу погоден од катастрофата, загинале 47 луѓе.
Кари истакна дека 12 лица се водат како исчезнати, а неупотребливи се голем број домови и деловни објекти кои останале под земја.
Потенцирајќи дека е извршен преглед на регионот со беспилотни летала, Кари информира дека продолжуваат напорите за пребарување и спасување, кои извесен период беа запрени поради поројните дождови.
Филипинската национална агенција за катастрофи извести дека во катастрофата 8 лица ги загубиле животите во централните и јужните делови на земјата, додека во провинцијата Самар едно лице починало, 193 лица се повредени, а 28 лица се водат за исчезнати.
Речиси 200 поплави предизвикани од тропската бура Меги се пријавени во различни региони во централните и јужните делови на земјата последната недела, додека најмалку 30.000 семејства се сместени во засолништа за итни случаи.
Се стравува дека е можно да се зголеми бројот на загинати во катастрофата од која се погодени најмалку 100.000 луѓе,
На Филипините, каде што во просек се случуваат 20 бури и тајфуни секоја година, во 2013 година тајфунот Хаијан големи разурнувања во кои загинаа над 6.000 лица.
извор: Агенција Анадолија (АА).