Моторциклисти кои се судриле меѓусебно, тешко повредени во сообраќајка во тетовско

0
371

На 16.04.2022 во 17:10 часот на регионалниот пат с.Пирок-Тетово во с.Калник,тетовско се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл „хонда“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од 17 годишник од Скопје и мопед „томос“ без регистарски ознаки, управуван од Џ.Б.(69) од с.Г.Палчиште, тетовско.

Двајцата моторциклисти се пренесени во Клиничка болница-Тетово, каде од доктор кај двајцата се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.