Маж на возраст од 62 години во Штип се обидел да силува 30-годишна девојка, објавија од полицијата.
Според она што стои во полицискиот билтен, пред два дена полициски службеници при СВР Штип лишиле од слобода лице(62) од штипско село поради постоење основи на сомнение дека на 05.10.2024 се обидел да изврши обљуба над 30-годишна девојка од штипско.
По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.