Српскиот претседател Александар Вучиќ ја обвини Украина и неименувана земја од ЕУ дека пласирале лажни извештаи за бомби во патнички авиони на компанијата „Ер Србија“.
Од почетокот на руската инвазија на Украина кон крајот на февруари, повеќе од десет летови на „Ер Србија“ беа принудени да се вратат во Белград или Москва поради дојави за бомби, а белградскиот аеродром беше евакуиран најмалку три пати.
-Ова го прават странски (разузнавачки) служби на две земји. Едната е земја на ЕУ, а другата е Украина – рече Вучиќ.
Србија, која е речиси целосно зависна од рускиот гас и нафта, одбива да воведе санкции кон Кремљ и одржува редовни летови до Москва.
Овие летови ги продолжуваме буквално од принцип, бидејќи сакаме да покажеме дека сме слободна земја и дека самите одлучуваме.