(ФОТО) Не е фотомонтажа – претседателот се туркаше со раце со светскиот шампион во бодибилдинг

0
291

Не било фотомантажа. Фотографијата која кружеше на интернет како претседателот во кабинетот се турка со раце со бодибилдер е вистинита.

Имано предмалку претседателот на својот Фб профил објави дека се сретнал со светскиот шампион во бодибилдинг.

„Нерешено со светскиот шампион во бодибилдинг Михал Крижанек од Словачка.
Имав можност да го сретнам за време на неговиот престој во Скопје, како почесен гостин на Бодибилдинг и Фитнес Федерацијата на Македонија, во рамки на меѓународниот натпревар во бодибилдинг“, објави на својот ФБ претседателот Стево Пендаровски.