(ФОТО) Засадивме 5 дрвца во дворот на Црквата кај Смилковското езеро за сеќавање на 5-те прерано згаснати животи

ВМРО-ДПМНЕ, на чело со претседателот и потпретседателот на партијата, Христијан Мицкоски и Владо Мисајловски, и градоначалниците на Бутел и на Гази Баба, Дарко Костовски и Бобан Стефковски, засадија пет дрвца кај Смилковско Езеро, во сеќавање на убиените момчиња и рибарот во масакрот кој пред 10 години, токму пред Велигден, се случи на тоа место.

Поминаа 10 години од петкратното убиство кај Смилковското езеро.
Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Тричковски и Борче Стевковски пред 10 години беа сурово и свирепо убиени пред христијанскиот празник Велигден.
Одадовме почит за рано згаснатите животи на младите момчиња, кои без никаква причина платија со своите животи.
Денес засадивме 5 дрвца во двророт на Црквата Св. 40 маченици кај Смилковското езеро за сеќавање на 5-те прерано згаснати животи.
Слава им!, порача Мицкоски.