„Се плашам дека состојбата може да биде и многу пострашна од тоа што беше во 90-тите, дека во Република Македонија во моментов ја има најнеспособната Влада од нејзиното осамостојување до денес особено економските полити се катастрофални, луѓето живеат се полошо. Гледате како се зголемуваат трошоците на живот. Еве не мора да одиме подалеку во очи сме на велигденските празници и секојдневно слушаме од граѓаните како се зголемуваат цените на месото, а да не зборуваме значи за состојба да речеме една табла јајца која што минатата година чинела 110 денари, а денес е 230 денари“, истакна потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска во одговор на новинарско прашање при посета и увид на градежни активности во на улици во индустриската зона „УЗУС“ во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“.
Димитриеска Кочоска додаде дека постојано се има скок на цените.
„Постојано имаме скок на цените, а да не зборуваме за маслото. Денес исто така добив информација од една пријателка дека шеќерот утрово во најевтините маркети во Скопје чини 54 денари килограм, тој истиот пред два месеци беше 30 денари за килограм. Значи Владата треба да преземе под итно мерки затоа што народот живее се посиромашно, стопанствениците исто така затоа што не можат да излезат на крај со овие состојби. И на крајот од денот ако не може да си ги реши овие проблеми Владата нека си замине“, порача Димитриеска Кочоска.