Европска потврда дека не сме сите исти. Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) додели Европска ознака за извонредност на девет општини од Македонија, седум од девет општини се управувани од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во објавата Мицкоски додава:
Честитки за Тимчо (Аеродром), Тони (Битола), Миле (Виница), Горан (Неготино), Стевче (Новаци), Ацо (Радовиш) и Иван (Штип) 👏👏👏, покажувате дека и во исклучително тешки услови за работа кога се работи чесно и посветено резултатите се неизбежни. Европско управување во Македонија е можно, има надеж, потребна е промена за Македонија да почне да победува…
извор: ФБ Христијан Мицкоски