Авганистан го забрани „ТикТок“ бидејќи ја доведува во заблуда помладата генерација

0
332

Привремената Влада на Авганистан предводена од талибанците, ја забрани социјалната мрежа „ТикТок“ како дел од обидот за блокирање на неморална содржина, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„„ТикТок“ ја доведува во заблуда помладата генерација“, објави на Твитер, Инамула Самангани, заменик-портпарол на привремената администрација.

Блокирана е и популарната јужнокорејска борбена игра ПУБГ, со образложение дека авганистанските телевизиски канали треба да бидат спречени да емитуваат неморални содржини и програми колку што е можно повеќе.

„Министерството за комуникации и ИТ ќе ги воведе одлуките донесени од Кабинетот“, вели Самангани.

извор: Агенција Анадолија (АА).