Владата ја укина одлуката за ограничување на извозот на масло од сончоглед

0
387

На денешната седница Владата донесе одлука да престане важноста на одлуката за ограничување на извозот на масло од сончоглед.

Одлуката е донесена врз основа на констатираната состојба дека тековното домашно производство на масло од сончоглед редовно го снабдува домашниот пазар за потребите за широка потрошувачка односно за сервисирање на граѓаните, дека постоечките количини позитивно влијаат на стабилната состојба со овој основен прехранбен производ и дека нема потреба да се создаваат вишоци, односно залихи на масло од сончоглед за јадење.