Климатските промени предизвикуваат намалување на телото на птиците преселници

Светскиот ден на птиците преселници кој оваа година се одбележува на 14 мај, има за цел да се подигне свеста за заштита на живеалиштата на птиците преселници, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според истражувањата, голем број птици летаат во групи помеѓу океаните и континентите во одредени периоди од годината за пронаоѓање храна, промена на живеалиште или поради временските услови.

Четириесет проценти од видовите птици (најмалку 4.000 вида) мигрираат редовно. Некои од нив патуваат преку океаните, а други, главно на копно.

Студиите спроведени од страна на научниците во последните години открија дека климатските промени влијаат на птиците преселници, како и на милиони живи суштества.

Студија спроведена во САД забележа намалување на големината на телото на повеќе од 50 вида птици помеѓу 1978 и 2006 година (во рок од 40 години).

Според податоците на „Еколоџи летерс“ (Ecology Letters), просечната телесна тежина на 52 вида кои се размножуваат во постудените делови на Северна Америка и мигрираат за да ја поминат зимата на места јужно од Чикаго, се намалила за 2,6 отсто.

Исто така, утврдено е дека распонот на крилјата на птиците е зголемен за 1,3 отсто за да се покријат долгите миграциски рути.

Текстот во целост: Агенција Анадолија (АА).