(ФОТО) Мицкоски: Средствата кои се на посебна наменска сметка за спас на Преспанското Езеро, сакаат да ги пренаменат за нови тендери и договори во четири очи

Средствата кои се на посебна наменска сметка за спас на Преспанското Езеро, сакаат да ги пренаменат за нови тендери и договори во четири очи.
Мојата порака до луѓето во владата, не правете го тоа што не сакате вам да ви го прават. Не ја уништувајте оваа вековна преспанска убавина. Преспа постоела со векови и ќе постои со векови.
Крани, Мите Богоевски, Асамати…, се дел од нашата убава младост. Доколку вие НЕ, тогаш ВМРО-ДПМНЕ со сигурност ќе ги зголеми неколкукратно средствата за спас на Преспанското Езеро, напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.