Томовски: Зошто владата молчи за предлогот бугарските позиции да влезат во рамка за преговори во ЕУ? Зошто Ковачевски и Османи не го спречија ваквиот предлог?

0
356

Зошто владата нема став за предлогот за Македонија кој беше објавен во медиумите, запраша денеска Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата на Томовски во целост:

-Вчера во медиумите беше објавен таканаречен предлог каде наводно се вели дека земја членка ќе предложи тргање на ветото за Македонија од Бугарија, а за услов ќе биде обврската бугарските позиции изразени преку бугарската декларација, договорот за добрососедство и барањето за промена на Уставот да станат дел од преговарачката рамка во преговорите со Македонија.Досега официјална потврда нема од релевантните извори, додека владата на Македонија молчи. Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ на ниту еден начин не е информирана за овој предлог, а владата одамна ги крие преговорите од ВМРО-ДПМНЕ се чувствуваме повикани да потенцираме и апелираме на неколку работи, пред се водени од можните штети и катастрофалните последици кои може да се случат.Прифаќањето на таканаречениот предлог значи бугаризација на Македонија и сето тоа да стане дел од преговарачката рамка и услов на кој мора Македонија да се согласи за да стане членка на ЕУ.Ова значи или ќе прифатиме бугаризација на државата или нема да се исполни условот, а Македонија би останала вечно пред портите на ЕУ.Воедно не ја исклучуваме можноста овој предлог да биде искористен како маша на противниците на идејата за Европската Унија, и воедно да се влијае на создавање на евроскептицизам.Главното прашање после ваквиот нокаут за дипломатијата на Ковачевски и Османи е што правеа додека се пишуваше таканаречениот предлог? Зошто молчат и кој е нивниот став за оваа катастрофа.Ковачевски се смешкаше на провокацијата дека сме Западна Бугарија, а денес молчи за таканаречениот предлог.Ако цената е да се направи бугаризација а за возврат да се интегрираме во ЕУ тоа е цена која не сме подготвени да ја платиме бидејќи жртвувањето на идентитетот за ВМРО-ДПМНЕ нема цена.Предлогот е пораз за дипломатијата и пораз за Македонија. Мора да се стави крај на поразите, тапкањето во место и ударите врз идентитетот затоа што е премногу.Затоа ве повикуваме и на масовен протест за промени пред влада утре со почеток во 20 часот.

извор: ВМРО ДПМНЕ

фото: ВМРО ДПМНЕ