Во јавноста и медиумите излезе потврда дека Зоран Заев бил подготвен да тргува со ликот и делото на Гоце Делчев, заедно со уште други историски личности. Тоа на виделина ја вади лицемерноста на СДСМ. Кога целокупната јавност стравуваше дека Заев е подготвен да направи ваков анационален чекор, тие без срам и перде тврдеа дека тоа не е точно. Сега гледаме дека било и тоа како точно, ама СДСМ ја лажеле јавноста, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. Во продолжение на истото од партијата додаваат?
Кој му го дал тоа право на Заев да се пазари со ликот и делото на Гоце Делчев?
Дали и Ковачевски како дел од владата учествувал во ваквото раскрчмување на националните и државните интереси?
Сега е јасно и зошто СДСМ бегаше како ѓавол од темјан од гласање на Декларација за ликот и делото на Гоце Делчев во Собранието по повод јубилејот од неговото раѓање. Се покажа целиот карактер на СДСМ. Ред анационални политики, ред лаги, ред тргување со државните интереси.
Се потврди дека далеку од очите на јавноста, опозицијата, парламентот, експертите, ликови како Заев и Ковачевски на маса се пазарат со ликовите и делата од македонската историја само за да зачуваа фотелја некој месец повеќе.
Народот виде и народот ќе ги казни.
извор: ВМРО ДПМНЕ
фото: Архива