Митева: Советот на Ковачевски за унапредување на образованието е составен од некомпетентни политички функционери, а не од стручен образовен кадар

И по четири дена реакциите за новата скандалозна одлука на Владата да формира некаков си посебен Совет за унапредување на образованието не стивнуваат.

Образовната јавност е згрозена од потценувањето кое и го приредува Владата. Во т.н. Совет нема ниту еден истакнат универзитетски професор или експерт за образование. Напротив т.н. Совет е полн со луѓе со сомнително образование и сомнителни кариери, луѓе кој на ниту еден начин не може да се поврзат со образованието, а не па со унапредување на истото, истакна портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Марија Митева.

Во продолжение ја пренесууваме изјавата во целост:

Со Советот претседава дезертерот Ковачевски, за кој медиумите информираа дека во дата базата на факултетот во Црна Гора воопшто не постои негова докторска студија, што отвора многу сомнежи и клучно е дали тој воопшто докторирал на универзитетот во Подгорица? Замислете кој ќе го води телото кое е од суштинско значење за Република Македонија.

Потоа, во т.н. Совет е и Артан Груби. За образовната фела тотално непознат човек. Артан Груби позади себе има нула минути во настава и нула напишани научни и стручни трудови. Секако, под напишани трудови нема да ги сметаме паролите по трибини или партиските соопштенија.

Истите бројки ги следат и Битиќи, Бесими и Шаќири. Па така за овој некомпетентен Совет останува нејасно како човек со спорен докторат и луѓе со нула образовно искуство во својот живот ќе го унапредуваат образованието.

Како и со што овие тотално некомпетентни луѓе ќе го унапредуваат секторот кој е суштински за секоја држава?

Како може луѓето кои го доведоа образованието до мизерија сега одеднаш да го унапредуваат?

До кога СДС и ДУИ ќе ги понижуваат просветните работници?

А, во меѓувреме, наставата продолжува без учебници и учениците црпат знаење од фотокопирани скрипти, се склучуваат зделки за принтани скрипти од половина милион, а во некои училишта и нив ги нема. Продолжуваат ветувањата, продолжуваат со формирање на советодавни тела и комисии од кои не само што нема резултати, напротив по нивното формирање секогаш состојбите стануваат полоши.

Ова мора да има крај!

Време е за избори!

Време е за одговорна влада!

извор: ВМРО ДПМНЕ

видео: ВМРО ДПМНЕ