Тошковски: СДСМ е заштитник и покровител на сите криминали на ДУИ

СДСМ е заштитник и покровител на сите криминали на ДУИ од минатото – ова е одговорот на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, по обвинувањата на опозицијата дека тој поседува имот кој не го пријавил во својот анкетен лист.

Тошковски вели дека очекувал да биде нападнат од политичките опоненти, по поднесените кривични пријави против девет лица, меѓу кои и за внуците на лидерот на ДУИ, Ахмети.