Изборите звршија – медиумите чекаат пари од ДИК

0
65

Во февруари, пред пролетните претседателски и парламентарни избори, Државната изборна комисија (ДИК) пресмета дека ќе се потрошат 10,6 милиони евра за платено политичко рекламирање. Сепак, два и пол месеци по завршувањето на изборите, оваа сума сè уште не е исплатена. ДИК информира дека исплати се извршени само за рекламирањето во првиот круг од претседателските избори, додека понатамошните исплати зависат од ребалансот на државниот буџет, кој треба да се усвои во Собранието до средината на август, пишува Призма.

Роковите за исплата веќе се истечени, бидејќи медиумите требало да ги достават своите фактури на ДИК пет дена пред почетокот на предизборниот молк, а комисијата да ги исплати средствата најдоцна 30 дена по објавувањето на конечните резултати од изборите. Досега, до ДИК се доставени 1.062 фактури, но нема прецизни информации за колку медиуми станува збор.

Извор: Призма