Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Земјотрес со интензитет од 4,4 степени според Рихтеровата скала, утрово, околу три часот по локално време ја погоди Албанија.

Епицентарот на земјотресот бил во Јадранското Море, на 37 километри од Драч. Според ЕМСЦ, земјотресот бил на длабочина од 6,1 километри. Потресот е почувствуван во Драч и околината.

Бил почувствуван и во Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија.

Извор: МИА