(ВИДЕО) Се урна катна гаража на Менхетен во Њујорк, има загинати и заробени под урнатините

0
228

Еден човек загина, а шестмина се повредени при уривање на катна гаража на Менхетн во Њујорк, а надлежните стравуваат дека има луѓе кои се заробени под урнатините. Уривањето на зградата е во финансискиот кварт во долниот дел од Менхетн, на неколку блока од Градското собрание и Бруклинскиот мост во непосредна близина на Њујоршката берза.

Засега не се знае колку луѓе имало во трикатната зграда во моментот на несреќата.

 

telma.mk