71-годишна жена е најстарата кандидатка за Мис Тексас

Мариса Тејхо руши граници. 71-годишната жена влезе во историјата како најстарата учесничка на изборот за Мис Тексас.

Таа ќе се натпреварува со многу помлади девојки и вели дека со овој потег сака да ги инспирира жените да се одржуваат во најдобрата физичка и ментална форма, без разлика на годините.

„Чест ми е што ќе бидам дел од ова неверојатно ново искуство како натпреварувачка на Мис Тексас. Со тоа, се надевам дека ќе ги инспирирам жените да се стремат да бидат во најдобрата физичка и ментална форма и да веруваат дека има убавина во секоја возраст“ – пишува Мариса.

„Тоа стана моја цел, наместо само да се стремам кон победа“ – дополнува Тејхо.
Мариса постојано тренира и е физички активна. Таа вели дека само така го одржува својот младолик изглед.

„Фитнесот и здравиот живот се најдобрата одбрана против стареењето“ – порачува Мариса.
 

femina.mk