Бугарската телевизија БТВ за денеска најави емитување на филм со наслов „Бугарин во Северна Македонија“.
Во најавата не се наведува дали станува збор за документарец, но според објавени исечоци, во него има сведоштва на граѓани на Северна Македонија кои се декларираат со бугарска самосвест, меѓу нив е и Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб во Охрид „Цар Борис Трети“.
„По серијата вандализам во Северна Македонија и тепањето на Христијан Пендиков – екипата на БТВ е на пат кон нашиот југозападен сосед да дознае – има ли омраза кон Бугарите таму. Ќе ве запознаеме со неколку мажи – родени и израснати во Северна Македонија, но велат дека се Бугари, а со тоа и жртви на насилство“,
пишува во најавата на БТВ.
За првпат, велат, јавно ќе зборуваат двајца браќа од Охрид кои биле приведени по нападот на Пендиков.
Филмот, според најавата, го снимале една репортерка и еден снимател.
360степени.мк