(ВИДЕО) Руските сили влегоа во Киев

Руските сили влегоа во главниот град на Украина. Според украинските власти, Русите влегле во областа Оболон. Во моментов таму се водат борби. На улиците има оклопни возила.

Русите го напаѓаат Киев од два правци Генералштабот на вооружените сили на Украина денеска соопшти дека руските сили за да го заземат Киев се пробиваат во два правци, пренесува Интефакс Украина. Се наведува дека паднал градот Конотоп, а за Мелитопол се водат битки.

Заменик претседателот на градската управа во Киев, Петро Олениќ ги повика граѓаните да престанат да објавуваат снимки од Киев. „Не му помагајте на непријателот да добие информации за нашата армија. Заедно ќе победиме“, рече тој.