КОД: Бизнис игри со набавките на мазутот за ЕСМ – РКМ барал и со анекс на договорот добил екстра 20 милиони евра

ТЕЦ Неготино во петок на полноќ престана да произведува струја и влезе во ремонт. Помали цени на струјата на Хупекс пазарот, затоплувањето на времето, но и недостаток на мазут се двете причини за гаснењето три недели пред планираното на ТЕЦ Неготино, објави Телма. 

КОД при истражувањето за набавките на мазутот за потребите на ЕСМ односно за производство на струја во ТЕЦ Неготино открива дека лани речиси на Нова Година во декември бил потпишан анекс на договорот со РКМ со кој вредноста на 150 илјади тони се зголемила за над милијарда и двесте милиони денари односно за речиси 20 милиони евра.

РКМ во сопственост на Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски барала повеќе пари поради зголемена цена на мазутот, а Електрани го прифатиле барањето иако е поднесено по истекот на банкарската гаранција.

КОД беше и во тајна посета на ТЕЦ Неготино и утврди дека при зголемување на цената на мазутот, цистерните чекаат да помине полноќ за да го предадат горивото по поголема цена.

 

Текстот во целост на: Телма