Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди источна Турција, јавија светските агенции повикувајќи се на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот се случил на длабочина од 11 километри, соопшти центарот.
Од видеоснимките објавени на социјалните мрежи може да се види дека граѓаните ги напуштиле своите домови и излегле на улиците.
https://twitter.com/ChaudharyParvez/status/1689709648339943428