Иџе победник на трката во Чешка

0
367

Игор Стефановски Иџе стигна до втората победа во овогодинешниот шампионат на ФИА на ридско брзински трки, откако уверливото возење од Португалија го потврди и денеска во Чешка.

Популарниот Иџе беше недопирлив и имаше убедливо најдобро време по двете мерења на патеката Штернберк во Чешка, со што на најдобар можен начин го заокружи маратонот кој го имаше во изминатите неколку дена.

Стефановски имаше проблеми со искршениот автомобил и цел негов тим имаше тешка задача да го подготви за трка по силниот судар во Шпанија, но и самиот Иџе откри дека имал маратон со поминати 2,5 илјади километри во ден и половина, односно пат од Македонија до Италија и од Италија до Чешка.

фото: ФБ Igor idze Stefonoski