Лидерите на ЕУ согласни, ќе забранат извоз на руска нафта во блокот

Лидерите на ЕУ во понеделникот се согласија да го забранат извозот на руска нафта во блокот од 27 земји, изјави претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел.

Ова веднаш покрива повеќе од две третини од увозот на нафта од Русија, отсекувајќи еден огромен извор на финансирање на нејзината воена машина“, напиша Мишел на Твитер. „Максимален притисок врз Русија да ја прекине војната.“

Лидерите, исто така, се согласиле да ја исклучат најголемата руска банка Сбербанк од системот СВИФТ и да забранат уште три руски државни радиодифузери, додаде тој.

Мишел напиша дека го договориле шестиот пакет санкции, кој „вклучува и други тешки мерки: десвифтување на најголемата руска банка Сбербанк, забрана на уште три руски државни радиодифузери и казнување на поединци одговорни за воени злосторства.“

мкд