Од почетокот на кампањата за предавање на нелегалното оружје во Србија, предадени се 108 883 парчиња оружје и мини-експлозивни направи, изјави Бојана Отовиќ Пјановиќ од Службата за сузбивање криминал при Управата за криминалистичка полиција, објави РТС.
„Во тој број се 82 398 парчиња оружје. Тука спаѓаат легално и нелегално оружје што останало во семејните домаќинства по смртта на сопственикот и 26 485 парчиња мини и експлозивни направи“, информира Отовиќ Пјановиќ.
Таа посочи дека се предадени и 4 243 139 парчиња муниција и оцени дека ова е досега најуспешна акција за собирање на нелегалното оружје.Рокот во кој српските граѓани требаше да го предадат нелегалното оружје и муниција без последици истече ноќеска на полноќ.
rse.mk